Најчевска: На страна Евровизија и Тамара, македонската дијаспора треба да се тргне од гласачките листи

Откако низа јавни и политички личности одлучија дека македонската дијаспора е виновна за „неуспехот“ на Тамара на овогодишниот и најуспешен за државава Евросонг, возот не запира. А возот се вика „дијаспората не треба да гласа за она што се случува во државава“.

На возот се качи и професорката и активист за човекови права – Мирјана Најчевска. Сепак, вели, нејзиниот став нема врска со Евровизија. До истиот заклучок таа доаѓа по други „патишта“:

„Јас мислам дека македонската дијаспора треба да се тргне од гласачките листи на Северна Македонија, не затоа што не гласаа за Тамара, туку заради тоа што:

1. Тие си избрале друга држава во која ќе живеат и во која ќе ги остваруваат своите потреби и интереси, а ние ете си ја имаме само оваа.
2. Тие не ги трпат активностите на политичарите за кои гласаат, а ние ете ги трпиме.
3. Тие живеат во минатото на државата која ја напуштиле, а ние во сегашноста.
4. Тие одлучуваат врз основа на рекла казала, а ние врз основа на она што го доживуваме секојдневно.
5. Тие си раскажуваат романтични приказни за татковината облечена во народна носија која јава на магаренце, а ние се обидуваме државата да го стигне последниот вагон од европскиот воз кој ја зголемува брзината.
6. Тие престанале да бидат нераскинлив дел од граѓаните на Република Северна Македонија во моментот кога решиле да бидат нераскинлив дел од некои други граѓани на друга држава.

Јас не ги мpaзам луѓето кои ја напуштиле мојата држава (од најразлични причини). Како можам да ги мpaзам кога и моите деца се меѓу нив. Само мислам дека тие не смеат да решаваат за она што се случува во државата. За тоа можат и смеат да решаваат само оние кои живеат во оваа држава и кои ја споделуваат заедничката судбина.

А кpeтеноидите кои нè нарекуваат северџини и северџинија се тие кои шират говор на омpaза и поттикнуваат на нacилство и сакаат да нè задржат во смpдениот гoмнapник од кој се обидуваме да излеземе“, пишува Најчевска на Фејсбук.

- Реклама -