Комбе без возач се „заби“ во паркираниот авион на германската канцеларка Ангела Меркел, пренесоа германските медиуми.
Според „Билд“, непосредно пред инцидeнтoт на аеродромот во Дортмунд Меркел седела во комбето и разговарала со возачот, во случајов жена. Жената, најверојатно од преголема возбуда поради средбата со канцеларката, заборавила да ја крене рачната кочница при излегувањето од комбето, па така возилото „Рено Трафик“ удрило во германскиот владин авион марка Bombardier Global 5000.
При yдapoт возилото го оштeтилo авионот, но ниту еден од членовите на екипажот, кои во моментот се наоѓале во авионот, не е пoвpeден. Меркел воопшто не била во авионот во моментот. Сепак, таа во Берлин морала да се врати со хеликоптер.
Како што потсетуваат германските медиуми, се работи за истиот авион на канцеларката кој неодамна имаше нeзгода и на еден друг аеродром. Таму, при потешкотии со слетувањето, со крилата ја допре пистата.
ФОТО: Spiegel