Откако медиумите вчера укажаа дека на официјалниот сајт на претседателот на државата (pretsedatel.mk) сè уште како претседател фигурира Ѓорге Иванов, а како име на државата – „Република Македонија“, денеска сајтот изгледа сосема поинаку.
Дали поради реакцијата во јавноста или едноставно поради темпото на работите, веќе денес се отстранети сите содржини, а наместо тоа ќе ве пречека голем натпис кој гласи „Страната е во изработка“.
Сепак, иако веб страната е практично празна, поставен е банер на кој пишува „Претседател на Република Северна Македонија – Стево Пендаровски“.