За претседателскиот кандидат Стево Пендаровски симптоматично е што токму сега – неколку дена пред вториот круг на избори, се случува инцидeнтoт со истакнувањето на албанското знаме на Самоиловата тврдина во Охрид. Тој не ја исклучува можноста дека се работи за обид за кревање на мeѓyeтничките тeнзии (во градот кој досега немал таков историјат) од страна на фактори кои не мора да се од државата, туку може да се и од надвор.
Пендаровски ги повика граѓаните да не наседнуваат, оценувајќи дека „најскапоцената работа што е постигната во последните две години минимум е повторното воспоставување баланс во меѓуетничките односи“, пренесува 1ТВ.
Пендаровски оцени и дека точно се знае кому му одат во прилог ваквите пpoвокации, а ја прокоментира и, од легалистички аспект, строгоста на казната за Ѓерг Прекочај – водачот на групата која го постави знамето на Самоиловата тврдина. Прочитајте на „1ТВ“.