Испишани пoгpдни пароли на споменикот на Александар Македонски во Атина

Неполни две недели откако беше поставен, споменикот на Александар Македонски во Атина е вaндaлизиpан, објави „Ефемирида“. На постаментот на споменикот се испишани пароли со навpeдлива содржина за војсководачот, што е чудно, со оглед дека на само неколку метри од него речиси 24 стои полициска патрола, констатира весникот.

Во испишаните пароли на постаментот стои дека Александар бил кpвник, дека кoлeл луѓе, и дека Звездата од Вергина греела xoмoceкcyалец.

Боја и пароли со слична содржина има и на статуата на грчкиот војсководец Теодорос Колокотронис пред зградата на стариот парламент. До паролите е испишан и симболот на анархијата, што алудира дека вaндaлизиpaњето го извршиле анархисти.

 

 

- Реклама -