Филипините вчера ги погоди земјотрес од 6.3 степени. Луѓето се исплашија, зградите се нишаа, но за среќа цунами немаше, барем не од океанот.
„Цунамито“ се случи на врвот на облакодерот Anchor Skysuites, во областа Бинондо во главниот град Манила. Во едно од највпечатливите видеа, се гледа како се истура базенот од еден од луксузните апартмани во релативно новиот облакодер отворен во 2015-та, еден од највисоките во областа и највисок во сите кинески квартови низ светот, а надвор од Кина.
Како што се гледа од видеото објавено од Manila Bulletin Online, водата не ни стигнува да падне на земјата – веќе на половина од 190-метарскиот облакодер се претвора во пареа.
Buildings swaying in Manila just now 😯 Scary, but that means they’re built to withstand earthquakes like this! #earthquake #earthquakeph pic.twitter.com/oPNDZ3Koxs
— Francelle (@francelleisms) April 22, 2019
Во центарот на Манила:
Во меѓувреме, еве како тоа изгледаше во базен во Пампанга, област северозападно од Манила: