Обработени 99.70% од избирачите , Пендаровски води за неколку илјади

По обработени 1.802.724, односно 99.70% од вкупниот број избирачи (1.808.131), од страна на Државната изборна комисија, излезноста е  41.78%. Гласале вкупно 753.267 граѓани со право на глас, а од нив 32.703 ливчиња се неважечки.

Што се однесува до кандидатите, во водство е Стево Пендаровски, со предност од 4358 гласови. За Пендаровски гласасе 322.605 гласачи, за Гордана Силјановска-Давкова гласале 318.247, а за Блерим Река – 79.725 гласачи.

- Реклама -