Во државава има околу 190.000 невработени лица, соопшти денеска на прес-конференција директорката на Агенцијата за вработување – Билјана Јовановска. Вели дека таа се согласува со ставот на Светска банка; дека македонските граѓани ниту сакаат, ниту бараат работа.
Јовановска се жали дека од сите пријавени невработени, само 30% всушност од поканетите од Агенцијата всушност доаѓаат на интервјуата за работа, дел од нив во Агенцијата, дел директно на интервју кај работодавачот. Сепак, и од оние кои ќе отидат на интервјуто, најголемиот дел не ги прифаќаат условите, бидејќи не им одговара позицијата, смената, платата, „и така натаму“, вели Јовановска. Изјавата погледнете ја на „Макфакс“.