Застрашувачка повреда: Гимнастичарка ги скрши двете нозе при доскок (ВИДЕО)

Младата американска гимнастичарка од универзитетот Обурн – Саманта Серио, доживеа ужасно болна повреда што долго ќе се памети, од причина што невозможно е да ја заборавите. При еден универзитетски натпревар, Серио лошо доскокна и истовремено ги скрши двете нозе. Следуваше гласен крик од болка, а публиката како да застана во времето, шокирана од тоа што го виде.

https://youtu.be/2dMYHLhi6QM

Серио веднаш била пренесена во болница и ѝ биле направени операции. Деталите не се познати, но извесно е дека повредата ѝ стави крај на кариерата. Младата гимнастичарка тоа го потврди и на својот Инстаграм профил:

„По 18 години, тоа беше мојот последен настап како гимнастичарка. Не можам да бидам повеќе горда на личноста што гимнастиката направи да станам. Ме научи на напорна работа, понизност, интегритет и посветеност. Ми постави предизвици и блокади кои не можев ни да ги замислам и кои ме тестираа која сум како личност. Можеби не заврши како што планирав, но ништо никогаш не се одвива како што планирате“, пишува Серио, додавајќи дека е бескрајно среќна и благодарна што имала можност да биде дел од спортот кој засекогаш ќе ѝ биде прва љубов.

 

- Реклама -