„Македонија е името на народната воља, согласно референдумите од 1991 и 2018 година!
Искористи ја за таа цел секоја можност, секоја акредитација, секој потпис и обележје, дома и во странство, во име на правото на самоопределување и заради достоинството на секој Македонец!“, порачува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ – Антонио Милошоски со слика од пречкртано „Северна“ на неговата акредитација во Стразбур.
Милошоски е дел од македонската делегација во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, која во наредните четири дена ќе учествува на Вториот дел од редовната сесија на ПС на СЕ што се оддржува во Стразбур, Франција.