Акцијата за евакуација на 1373 патници (сосе екипаж) на закотвениот дефектен крузер до самиот брег на Норвешка продолжила и во текот на ноќта. Утрово норвешките власти соопштија дека сите патници се евакурани. 16 од патниците, поради повреди, се пренесени во три болници. Тројца од нив се со тешки повреди, пренесува „NTB“.
Бродот би требало да биде однесен во едно од блиските пристаништа. Во текот на ноќта биле стартувани три од четирите мотори, па бродот сега практично плови, а до пристаништето Молде е планирано да го одведат реморкери (бродови за влечење, tugboat).
Во спасувачката акција, која за целото времетраење се одвивала во лошо време, учествувале пет хеликоптери. За време на акцијата се расипал и еден спасувачки брод, па два од хеликоптерите биле пренасочени да ги спасуваат луѓето на спасувачкиот брод.
Крузерот Viking Sky повикот за помош го испратил во саботата попладне. На бродот му откажале моторите, па беспомошно бил носен од бурата и големите бранови кон карпите на брегот. Практично во последен момент екипажот успеал да стартува еден од моторите и да го закотви бродот на безбедна дистанца од брегот. Сепак, бродот останал на милост и немилост на брановите, кои достигнувале и до 10 метри.
https://www.facebook.com/nbcnightlynews/videos/2303075889972806/
915-те патници на бродот доаѓале главно од САД и Велика Британија.
„Ручавме и одеднаш бродот почна да се тресе“, вели John Churry, еден од патниците. „Прозорите беа искршени, водата влегуваше внатре… Тој пат во хеликоптерот радо би го заборавил. Не беше забавно“, додава тој.
Janet Jacob вели дека никогаш не видела нешто толку застрашувачко. „Почнав да се молам за животот на сите на бродот. Патот со хеликоптерот беше ужасен“, се надоврзува таа.
Рибарот Јан Ерик Фискерстранд, кој со својот рибарски брод меѓу првите се приклучил напомош на крузерот, вели дека минути го делеле од катастрофа. Ако не го стартувале моторот и не го прицврстеле сидрото, вели, сигурно ќе удреле во карпите.
#Update: OMG this video footage is just scary and insane! I can’t imagine what was going through those peoples minds, at the #VikingSky Cruise ship in #Norway, Video Credit: @alexus309 Video footage was from 3 and a half hours ago. pic.twitter.com/qhK86tuKHR
— Sotiri Dimpinoudis ❁ (@sotiridi) March 23, 2019
#vikingsky #hustadvika heavy sea pic.twitter.com/hoiAkYnVI9
— Ludviken 🇺🇦 (@Ludvikeen) March 23, 2019
https://twitter.com/RyanDFlynn11/status/1109575902055276544