Без разлика кој и да е вашиот фаворит во претседателската трка, ако го имате, веројатно ќе се сложите, како што се сложија и повеќето твитерџии, дека обидите за омаловажување на семејствата и членови на семејствата на кандидатите се ниски и непотребни удари.
Денеска на Твитер таков обид имаше насочен кон семејството на професорката Гордана Силјановска-Давкова, поточно кон нејзиниот син, при што таа и лично беше прозвана (или со твитер речник, пингана).
Го раѓаш, го растеш, го чуваш за да порасне и свири кавал за парички во парк, додека ти се тркаш за претседателска фотеља. Каква фамилија @gogamkd .. pic.twitter.com/AJtPJCRR2e
— Висока Планина (@velikanot) March 20, 2019
Силјановска го прифати предизвикот и објасни што таа мисли за својот син, кој според твитерџиите, често има обичај да си засвири кавал во градскиот парк и да собира парички, но за сиромашните деца што просат во паркот:
„Зарем некој како мене кој бара укинување на привилегиите на политичарите, расипништвото и корупцијата ќе има семејство кое ужива во скапи коли, мотори, луксуз?! Горда на Павле! Брилијантен правник, умен, скромен, независен, воспитан, човечен“, напиша таа на Твитер.
Зарем некој како мене кој бара укинување на привилегиите на политичарите, расипништвото и корупцијата ќе има семејство кое ужива во скапи коли, мотори, луксуз?! Горда на Павле! Брилијантен правник, умен, скромен, независен, воспитан, човечен. pic.twitter.com/Ef9kzoGYi8
— Гордана Силјановска Давкова (@gogamkd) March 21, 2019