Со хет-трикот на Кристијано Роналдо, „Кралскиот клуб“ убедливо славеше на гостувањето во Амстердам против Ајакс со 1:4 во рамките на 2. коло од Групата Д во Лигата на шампионите.
Реал Мадрид го забележа и вториот триумф во европското натпреварување по победата на стартот против Манчестер Сити, па останува со максимален ефект по првите две кола.
Роналдо во 42. минута ја најави победата, која во вториот дел дефинитивно ја осигура Бензема во 48. минута, за Кристијано Роналдо во 79. и во 81. минута само да го запечати убедливото доаѓање до нови три бода.
{youtube}wERTRiWKGps{/youtube}