Илон Маск за Русинот што Ладата ја вози обратно: Хаха, офигенно (ВИДЕО)

18-годишниот студент од Русија – Сергеј Артјушенко, во моментов ужива локална но и светска слава откако Илон Маск на Твитер му ја бендиса преправената Лада која вози обратно, а сепак напред.

„Како ти се допаѓа ова?“, го праша Твитер корисникот „НТВ“ кој го објави видеото, а Илон Маск одговори на руски „хаха офигенно“ („хаха, закон“).

„Се враќав од продавница, и еден новинар ми јавува дека ме видел Илон Маск. Веднаш се сетив на мемињата „како ти се допаѓа ова, Илон Маск“ и сфатив дека тоа сега се однесува на мене! Веќе три часа како дознав за тоа и не можам да сфатам што се случува. Сакав да се прославам во својот град, во регионот, најмногу во Русија, но да слушнат за мене луѓе ширум светот, тоа е веќе премногу“, признава тој.

Сепак, славата на Артјушенко му донесе и очекувани проблеми со полицијата. Првично сакале да го казнат за возење во рикверц, но при првата експертиза тој успеал да докаже дека колата се движи напред. Автомобилот го чека повторна експертиза која ќе утврди дали може да се движи по автопат или регистрацијата ќе мора да биде поништена.

Прочитајте и:  Спејсикс го лансираше шестиот пробен лет на Старшип од Тексас во присуство на Трамп

Повеќе читајте на „Руска реч“.

- Реклама -