Илон Маск откри колку би чинел повратен билет до Марс

Приоритет на Илон Маск е да го направи вселенското патување парично достапно и верува дека ќе дојде денот кога повратно патување до Марс ќе можат да си дозволат и обичните луѓе од земјите со развиени економии.

Тој проценува дека патувањето до Црвената планета еден може да чини од 500.000 долари па надоле, можеби дури и помалку од 100.000 долари. Тоа би им овозможило на луѓето, на пример, да ги продадат имотите на Земјата и целосно да се преселат на Марс. Во секој случај, билетот за назад би бил бесплатен. Сепак, цените пред сè ќе зависат од „обемот“.

„Многу зависи од обемот, но сум многу уверен дека преселбата на Марс (билетот за назад е бесплатен) еден ден ќе чини помалку од 500.000 долари и можеби дури и под 100.000 долари. Доволно евтино за повеќето луѓе во развиените економии да можат да ги продадат домовите на Земјата и да се преселат на Марс, ако тоа го сакаат“, одговори Маск на Твитер на поставеното прашање околу цените на билетите.

Овој коментар на Маск доаѓа паралелно со приближувањето на SpaceX до комплетирање на Starship – реупотребливата челична ракета дизајнирана да транспортира до 100 луѓе до Марс (па и подалеку) во еден наврат.

Прочитајте и:  Илон Маск: „Оптимус“ и „Сајбертрак“ на Марс до 2026 година

Маск додаде дека постојат шанси изградбата на Starship да чини помалку и од таа на Falcon 9 која се користи за лансирање на сателити. Би чинела 62 милиони долари.

Претходно Маск истакна дека Марс дефинитивно ќе има потреба од работна рака на долг рок, што значи никогаш ќе нема недостаток од понуда за работа. Пред да се работи на масовно вселување, првите колонизатори ќе мораат да ја постават инфраструктурата, вклучувајќи центри за рециклирање, единици за производство на енергија и слично.

Сепак, Маск не негира дека преживувањето, а камо ли животот, на Марс ќе бидат лесни. Тој потсетува дека за Црвената планета да стане дом прво ќе треба интензивна работа. „Ќе нема време за излежување и релаксација“, вели тој. А ќе нема гаранција ни за безбедно слетување. „Ќе има добра шанса за загинување“, или попрецизно, како што рече Маск и порано, „шансите живи да се вратите на Земјата не се многу високи“.

- Реклама -