Индиец ги тужи родителите зашто го родиле без да го консултираат (ВИДЕО)

За разлика од речиси сите останати, Рафаел Самуел од Индија смета дека го има одговорот зошто му се случиле сите проблеми во животот, почнувајќи уште од детството… Затоа што мајка му го родила.

27-годишниот Индиец вели дека е решен да ги тужи своите родители бидејќи му подариле живот без негово одобрување. Вели дека ги сака и има одличен однос со родителите, дека му пружиле убав живот, но тоа не може да ја надомести неправдата што му е сторена со тоа што е роден без негово одобрување. Раѓањето деца без нивна согласност е морално погрешно, смета тој.

„Сакам сите да сфатат дека се родени без нивна согланост и сакам да сфатат дека не им должат ништо на родителите. Ако веќе сме родени без наша согласност, тогаш треба да бидеме издржувани до крајот на животот. Треба да ни плаќаат за да живееме“.

Нихил Ананд, како што е потпишан на YouTube, смета дека на светов доаѓаме од две причини: или нашите родителите уживале и сме им донеле среќа, или сме настанале поради нивна грешка. Во секој случај, не сме прашани и не можеме да бидеме сметани одговорни за нешто што не било наша одлука, смета Ананд. Затоа, децата на родителите не им должат ништо и немате никаква одговорност кон вашите родители, тврди тој.

„На родителите сакам да им порачам дека тие не ги поседуваат децата. Тие се индивидуалци, а не нивна инвестиција… На децата сакам да им порачам да не прават ништо за родителите, да не ги трпат нивните уцени и да не ги слушаат, ако едноставно не им доаѓа природно тоа да го прават. Мене ми доаѓа, и затоа јас се грижам за нив“…

- Реклама -