Политичар се обиде на сила да бакне водителка во емисија во живо (ВИДЕО)

Пратеникот во мексиканскиот парламент – Хозе Марија Армента, на крајот од своето гостување во емисијата El Mejor Dia, која оди во живо, се обиде да се поздрави со водителката со сочен бакнеж.

Откако од водителката Марта Конохос некако измоли бакнеж во образ, Армента демек на шега ја зграпчи нејзината колешка Алехандра Леон за главата и се обиде да ја бакне во уста. Таа со сите сили се обиде да го избегне бакнежот, а третиот водител, сфаќајќи ја непријатноста на ситуацијата, се обиде на шега да ја блокира камерата.

По „инцидентот“, водителката го нарече Армента „манијак“ и му порача дека дечко ѝ ќе го претепа, а овој ѝ врати дека „ја прашал прееска“ и дека му рекла дека нема дечко, за на крај повторно да ѝ се „закани“ со „ќе те бакнам, еден ден“…

И покрај несериозноста во целата ситуација, барем навидум, потегот на политичарот предизвика многу критики и прерасна во национален скандал. Армента беше присилен да даде оставка, а мораше и да ѝ се извини на водителката.

„Само сакав да бидам интересен, ама ја научив лекцијата“, се правдаше пратеникот.

 

- Реклама -