Напаѓачот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ изјави дека Лионел Меси не заслужува и оваа година да победи во изборот за „Златната топка“.
Швеѓанецот своето мислење го поткрепи со фактот дека Аргентинецот оваа година не освои ниту еден позначаен трофеј со Барселона, а сепак постигна 73 гола во сите натпреварувања.
„Меси имаше фантастична сезона, но без големи трофеи. Го освои само шпанскиот Куп на кралот, а веќе три пати е прогласуван за најдобар фудбалер на годината“ изјави Ибрахимовиќ, кој дополни дека изборот зависи од тоа дали ќе се наградува поединецот или колективот.
„Чави сѐ уште игра на високо ниво, Иниеста исто така имаше одлична сезона, а двајцата се закитија и со европската шампионска титула. Меси не освои ништо, па ред е сега некој друг да го добие тоа признание“ рече офанзивецот на ПСЖ.
Трофејот „Златна топка“ кој заедно го доделуваат ФИФА и „Франс фудбал“ ќе биде доделен на 7. јануари 2013 година.