Белорускиот претставник Бате Борисов, кој во квалификациите го елиминираше Вардар на патот кон групната фаза, е најголемото изненадување по две кола во Лигата на шампионите, а вчера во Минск го зема скалпот и на моќниот Баерн Минхен.
Бате Борисов славеше со 3:1 комплетирајќи шест бода по две кола во групата Ф. Белорусите најавија сензацијата во првото полувреме, со голот на Павлов во 23.минута. Родионов во 78. минута зголеми на 2:0, а во самата завршница од овој меч беа постигнати уште два гола.
Рибери намали на истекот на регуларниот тек од мечот, а Брешан во судиското продолжение ја потврди победата на белорускиот претставник од 3:1.
{youtube}ZSLjVxyGVfU{/youtube}
Правдата на овој натпревар ја делеше македонскиот судија Александар Ставрев, заедно со асистентите Марјан Кировски и Дејан Костадинов. Четврти судија беше Игор Ширилов, а судии зад головите беа Димитар Мечкаровски и Горан Спиркоски. Очигледно дека Македонците му донесоа среќа на тимот на Бате Борисов, кој пред околу два месеци гостуваше во Македонија.