Двегодишно дете испадна од автомобил во движење, мајката продолжи да вози (ВИДЕО)

Возач во Минесота снимил застрашувачка сцена, со оглед на можните последици, кога двегодишно девојче испаднало од автомобил во движење, додека мајката, несвесна што се случува, продолжила да вози.

Инцидентот се случил бидејќи, очигледно, детското седиште било неправилно поставено и осигурано во автомобилот. Од друга страна, веројатно токму седиштето е заслужно што детето поминало без повреди.

Мајката, кога сфатила што се случува, се вратила на местото на инцидентот. Сеедно, таа се соочува со обвинение за родителска негрижа.

„Да не ми се случеше тоа пред очите, немаше да верувам“, вели човекот кој го снимил видеото.

- Реклама -