Грчкото МНР бара Русија да го почитува Преспанскиот договор и да го користи новото име на Македонија

 

„Договорот од Преспа уште од потпишувањето придонесува во зајакнувањето на мирот и стабилноста на Балканот, воедно е и меѓународно признат модел за решавање на разликите меѓу две независни суверени држави под покровителство на ОН, без мешање на трети страни“, соопштуваат од грчкото Министерство за надворешни работи во реакцијата до руското МНР околу нивниот коментар во врска со уставните измени и промената на името на Македонија.

Меѓународните партнери се повикани да го почитуваат договорот постигнат со многу политичка храброст, а кој истовремено ги заштитува националните интереси, порачуваат од грчкото МНР.

Исто така, Грција е уверена дека „Русија ќе ја почитува чувствителноста на грчкиот народ во однос на употребата на името Македонија“, и отсега натаму за земјата ќе го користи „новото уставно име, односно Северна Македонија“, се вели во реакцијата.

И најважно, порачуваат од грчкото МНР, очекуваат Русија да се дистанцира од слични изјави кои претставуваат мешање во внатрешните работи на Грција, се вели во реакцијата, алудирајќи на делот од соопштението на руското МНР кој се однесува на внатрешно-политичките случувања во Грција.

Извор: А1он.мк

 

- Реклама -