Пишува: Младен Милетиќ, за Balkan-Handball.com
Превод: ОФФ.нет
Во последните 10 години во пресрет на секој натпревар на Македонија не се плашам, искрено, ниту од Кире Лазаров, најдобар ракометар во историјата на земјата, како и еден од најголемите во европскиот ракомет, ниту од голманот Ристовски, не се плашев ниту од Миркуловски и Наумче Мојсоски додека играа, иако беа навистина одлични ракометари, а не се плашам ниту сега од помладиот Манасков, ниту од тренерот Раул Гонзалес.
Од секогаш најмногу се плашам од Стоилов. Знам дека имало и поголеми пивоти на нашиве простори од овој херој на Вардар, но Стоилов е повеќе од тоа „имаше 4-5 удари и избори седмерец“. Кога Столе го претрчува теренот, салата се тресе, кога ќе ја забие онаа шрауба од зглоб, стаклата пукаат, кога онаков брадосан ќе се раздере и ќе дигне раце кон распаметените навивачи, деца се расплакуваат. Дури и да не те интересира кој ќе победи, почнуваш да навиваш за Македонија! Или Вардар.
Тој е играч, но и човек со муда и карактер како Шар Планина, вистински патриот (илустрацијата на Фејсбук како крева тегови со потпис „ништо не е тешко за Македонија“ говори сè. Тој со отсвртување прави чистка на линијата како лонец со сарми.
Урбана е легендата дека Игор Вори кога веќе не знаел што да прави со него и како да го спречи, во буткање на линија се послужил со рачно ракување. Да сум газда на клубот на Стојанче ќе му купев златно ланче. Па оној Русинон не е луд што токму него го држи како единствен Македонец во најголемиот Вардар.
Стоилов е појава, знаменитост поголема од поголемиот дел споменици подигнати во Скопје, дури и откако се појави. Експлодираше на ЕП во Србија на кое Македонија го освои петтото место…
Продолжува на ОФФ.нет, ТУКА.