Во 11 часот по средноевропско време, тихоокеанската островска држава Самоа беше првата во светот што зачекори во 2019-та. 200-те илјади жители на Самоа ја пречекаа Новата година со голем огномет во главниот град Апиа, но и со танчери и жонглери го забавуваа локалното население и туристите.
Жителите на Кирибати и Тонга исто така влегоа во Нова Година во 11 часот, a еден час подоцна, истото го направи и Нов Зеланд со традиционалниот огномет од Sky Tower во Оукленд.
Следна е Австралија. Во Сиднеј околу 1.5 милиони луѓе на бреговите и пристаништата го чекаат спектакуларниот огномет. Организаторите најавија дека тоа ќе биде најголемата прослава досега, а огнометот ќе трае 12 минути и ќе чини 6 милиони австралиски долари. Гледајте го во живо во видеото во продолжение: