Француски војник се онесвести додека се пееше химната, главна тема е реакцијата на Макрон (ВИДЕО)

Непријатна ситуација за францускиот претседател Емануел Макрон. За време на неговата посета на француската воена база во Чад, откако одржа повеќе од 20-минутен говор, следуваше интонирање на химната. Само што беа изговорени последните зборови од Марсељезата, на еден од војниците му се слоши и се онесвести.

Макрон сосема збунет посегна кон војникот, но не беше многу од корист. Дел од Французите коментираат дека неспособноста е вообичаена за него. Други велат дека тој и онака е претседател околу кој сé се руши.

Настрана политичките поени, баш и не може да му се замери на Макрон. Сме виделе претседатели и премиери да направат и многу помалку од тоа што тој се обиде:

Прочитајте и:  Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација... потегот на Бајден го смета за „добра одлука“

- Реклама -