Фотографија од Скопје е меѓу изборот на британскиот The Guardian за најдобри фотографии за викендов. Не, не е фотографија од новогодишното село Винтерленд, туку од пиратската атмосфера што го зафаќа градот во вечерните часови.
„Брод на духови“ – ја опишува „Гардијан“ фотографијата која прикажува една од галиите во Вардар обвиена целосно во „магла“.
Светската здравствена организација (СЗО) го прогласи Скопје за најзагаден главен град на Европа за 2018-та, потсетува весникот.
За разлика од „Гардијан“, нас најмногу впечаток ни остави оваа, сликана истата вечер на 22 декември:
Сите фотографии се на Роберт Атанасовски. Уште неколку погледнете ТУКА.