Не се согласувам со името Северна Македонија. Што е Пиринскиот крај во однос на Северна Македонија? Тоа не ли е проблем со иредентизмот? Ние самите велевме дека името не треба да содржи географска одредница. Содржи ли тоа име? Содржи, објасни тој.
Шефот на бугарската држава ги искритикува и Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, како и стоењето на Бугарија настрана за Преспански договор. Со тоа, според него, премиерот Бојко Борисов пропуштил шанса да биде номиниран за Нобелова награда со неговите колеги Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Владата побрза да го потпише Договорот за добрососедство со Македонија без внатрешна дебата, без внатрешен консензус и без дискусија со Грција. Ние сме во еден взаемно зависен триаголник – кога две страни ќе се разберат за нешто, тоа ја вовлекува третата страна. Каде видовте јавна расправа за тој договор или меѓу институциите? Знаете дека Договорот се бараше низ канцелариите на секциите на Парламентот. Според мене, се брзаше за слава. Само што славата, историски погледнато, доста често чини скапо. Проблемот е што за основа на тој договор се зема Декларацијата од 1999 година меѓу Иван Костов и Љупчо Георгиевски, а во тие 20 години имаме динамика на процесите на Балканот. Имаме два нови фактора – членството во НАТО и во Европска унија, објасни Радев.