Младен Чадиковски се повлекува од главен уредник на „Телевизија 24“, ќе го наследи Огнен Јанески

Откако викендов беше избран за претседател на Здружението за новинари на Македонија, денеска досегашниот главен главен и одговорен уредник на „Телевизија 24“ – Младен Чадиковски, соопшти дека се повлекува од функцијата, за да може целосно да им се посвети на обврските во ЗНМ. Како што соопшти Чадиковски на Фејсбук, одлуката ја донел уште во моментот кога решил да се кандидира за претседател на ЗНМ.

Позицијата на главен и одговорен уредник во Телевизија 24 од 1 јануари ќе ја наследи Огнен Јанески.

„Поминав низ многу комуникации и соработки со досегашните главни и одговорни уредници на телевизијата и научив многу од нив. Колегите ми се постојана поддршка во се’ што правам, па така тоа и ќе продолжи понатаму, преку колективно живеење на сонот за медиум кој себеси се издигна за неколку години во водечките во Македонија“ – вели Јанески.

И двајцата се обратија на Фејсбук.


- Реклама -