Туристички автобуси го блокираа Рим (ВИДЕО)

Сообраќајот во срцето на Рим денеска беше речиси целосно парализиран откако туристичките превозници ги паркираа своите автобуси на еден од главните градски плоштади во знак на протест против одредбите со кои ќе се ограничи нивното движење.

Повеќе од стотина туристички автобуси го блокираа Пјаца Венеција – главниот кружен тек во чиј центар е поставена и градската новогодишна елка. Плоштадот беше затворен за редовен сообраќај, а тоа предизвика огромни застои во останатите делови на градот.

Туристичките превозници протестираат против одлуката на градоначалничката Вирџинија Раџи да им забрани влез на туристичките автобуси во центарот на градот – одредба што ќе стапи на сила од 1. јануари.

Дека големите туристички автобуси се заслужни за добар дел од сообраќајните чворови во Рим, особено во стариот центар на градот – е неспорно. Но претставниците од туристичката индустрија тврдат дека со ваквата одредба многу од нив ќе останат без работа.

 

„Од 1. јануари многумина од нас ќе бидат без работа. Резервациите веќе ни се опаднати за 10%“, вели челничката на ресорниот синдикат.

Градоначалничката Раџи се сретна со делегација од демонстрантите и им порача дека е неприфатливо Рим да биде заложник на туристичките автобуси. Рим денеска беше баш тоа, но Раџи вели дека останува на својата одлука.

Видео ќе најдете на линков: КЛИК

 

- Реклама -