Топ 10 изговори на жените и нивното значење

Повеќе... Како да не е доволно лошо тоа што некоја девојка ќе ве откачи, сега можете да прочитате и што навистина значи во превод нејзиниот изговор зошто не ви е судено да бидете заедно. Не е препорачливо да кликнете на следната страна ако сте сега-скоро откачен тип со нежно и повредено срце.

rejection.jpgКако да не е доволно лошо тоа што некоја девојка ќе ве откачи, сега можете да прочитате и што навистина значи во превод нејзиниот изговор зошто не ви е судено да бидете заедно. Не е препорачливо да продолжите со читање ако сте сега-скоро откачен тип со нежно и повредено срце.

10. Те чувствувам како да си ми брат. (Ме потсетуваш на смотаниот тип со очила од некоја тинејџерска серија од 80-тите)

9. Има мала разлика во нашите години. (Не сакам да излегувам со некој што изгледа како да е врсник на татко ми)

8. Не ме привлекуваш на таков начин. (Ти си најгрдиот тип што сум го видела во последно време)

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

7. Мојот живот е премногу комплициран во моментов. (Не сакам да ја потрошам вечерта со тебе, додека ми ѕвонат на телефон другите мажи со кои се гледам)

6. Имам дечко. (Повеќе преферирам да сум во друштво со мојата мачка)

5. Не излегувам со колеги од работа. (Немаше да излегувам со тебе ни да бевме во ист соларен систем, уште помалку да сме во иста зграда)

4. Не е до тебе, до мене е. (До тебе е)

3. Во моментов сум сконцентрирана на кариерата. (Дури и нешто толку здодевно како мојата работа е подобро отколку да излегувам со тебе)

2. Во целибат сум. (Само во случај да сретнам некој како тебе)

1. Ајде да бидеме само пријатели. (Сакам да бидеш наоколу само за да можам да ти ги раскажувам сочните детали за сите други мажи со кои сум ги сретнала и сум имала секс. Ќе ми биде од корист машката перспектива за тие работи.)

- Реклама -