Формула 1 возачите често ги нарекуваат пилоти, а кабината на болидите – кокпит. Со оглед дека болидите „летаат“ и со над 300 км/ч, сосема логично, нели?
Да, сé додека не погледнете појасно како изгледа воланот на Ф1 возачите, фатен вака во мирување одблизу и со сите детали. Тогаш почнувате да мислите дека причината можеби е и друга – малиот милион копчиња на „таблата“ за управување.
Треба да се напомене дека воланот кај секој возач е различен, во зависност од тоа каде тој преферира да се наоѓа одредено копче. Исто така, зависи и од сезона во сезона, како и од самите болиди.
Ќе пробавме да објасниме што е што, ама ако знаевме ќе бевме Ф1 возачи. Затоа еве ви две фотографии со нешто детали, па снаоѓајте се.
(десен клик, па „Open image in new tab“, ако не можете да ги зумирате)