Нани удрил младинец на Јунајтед

Нани се наоѓа уште поблиску до заминување од Манчестер Јунајтед откако беше обелоденето дека португалскиот ас влегол во физичка пресметка со Давиде Петручи, член на младинскиот тим на „Црвените ѓаволи“.

Португалецот имал вербален конфликт со италијанскиот младинец, по што го повикал во салата за кревање товар за да ги разрешат дилемите. Останатите членови на тимот очекувале тоа да биде разговор меѓу двајцата играчи, но останале шокирани кога Нани го удрил Петручи.

За среќа, останатите фудбалери експресно реагирале и спречиле уште поголем инцидент, но самата случка е доволен доказ за фрустрациите на Нани.

Португалецот го загуби првотимскиот статус во Јунајтед, што влијаеше и врз неговите игри на теренот кога ќе добие шанса од Алекс Фергусон. Тој беше стартер на дербито со Ливерпул, но беше изваден од игра на паузата меѓу двете полувремиња откако беше еден од најслабите поединци на теренот по првите 45 минути.

Алекс Фергусон и онака е разочаран од слабите изданија на Нани, а најновиот инцидент е само причина плус за искусниот стратег да инсистира на продажба на крилниот фудбалер веќе во јануарскиот преоден рок.

Нани беше близу до заминување и летово, Јунајтед се договори со Зенит трансферот да изнесува 25 милиони фунти, но трансферот беше блокиран поради превисоките барања за плата на фудбалерот.

- Реклама -