„Здравјето на битолчани било и ќе биде на прво место за СДСМ. Кога никој немаше слух ние на 4-ти Јануари 2014 година први укажавме на сериозноста на овај проблем со кој се соочува општина Битола“, вели Методија Илиевски, советник на СДСМ Битола.
Илиевски вели дека барањето на независната советничка група „ПОИНАКУ“ – Битола да добие субвенционирана цена на струјата поради загадувањето што го трпи од комбинатот РЕК кој е во близина на градот – е нереално и нема да ги реши проблемите со загадувањето (меѓутоа прифатено е Владата на Р.Македонија да ги испита сите законски можности за субвенционирана цена на струјата за жителите на општина Битола).
Тој истакнува дека во последната година АД ЕЛЕМ заедно со општина Битола вложиле над 45 милиони денари за подобрување на амбиенталниот воздух и животната средина во битолскиот регион и најавува низа проекти и мерки кои општина Битола и Владата на РМ преку АД ЕЛЕМ ќе ги спроведе против загадувањето.
„Од самото доаѓање на новата локална самоуправа, заложбата за транспарентност и отвореност за дијалог е наш приоритет…
… Загадувањето не настана преку ноќ, тоа е многу посериозен и покомлексен проблем од тоа што некој сака да го прикаже, на здравјето на граѓаните не се добиваат политички поени“.
Од тие причини, смета Илиевски, „секаков повик за протест е апсурден, лицемерен и единствено служи за политички публицитет на организаторот“.
Целата изјава/соопштение на ТЕРА.мк.