По барање на обвинителката на СЈО – Лиле Стефановска на претходното рочиште, денеска Судот на екс-премиерот во бегство – Никола Груевски, му одреди мерка 30-дневен притвор и за случајот на СЈО за изборни нерегуларности – „Титаник“.
Мерката почнува да важи од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода.
Притворот е доделен по доставеното известување од Претседателот на Собранието дека на Груевски, кој сé уште е пратеник, му е одземен пратеничкиот имунитет.
Ова е втор притвор за Груевски во отсуство. Пред 7 дена судот изрече притвор и за случајот „Талир“.
Претходно Судот одлучи на Груевски да му се суди во отсуство.
По барање на СЈО, Груевски доби притвор и за предметите „Траекторија“, „ТНТ“ и „Насилство во Центар“.