Грк убил Македонец од Албанија поради расправија за името и етнички навреди

63-годишниот мигрант од Албанија во Грција – Петрит Зифле, кој работел на фарма на островот Крф во Грција и меѓу локалните бил познат како Петрос, бил грозоморно убиен од 44-годишен локален жител и припадник на екстремно-десничарската партија „Златна зора“.

Причината е кавга околу името Македонија во една од локалните кафани. На кобниот 25 ноември, Петрит се вмешал во гласната дискусија околу името на соседната маса, при која биле навредувани сите негрчки етнички заедници во Грција и пошироко на просториве. Петрит возвратил, а расправијата меѓу него и Гркот уште повеќе ја разгорела ситуацијата, па албанскиот државјанин бил испратен од кафаната со пцости и закани.

Нешто подоцна, симпатизерот на „Златна зора“ го начекал Зифле во заседа, го убил со ловџиска пушка и телото го фрлил во ендек покрај локалниот пат меѓу Драготина и Спартера, три километри од Лефкими. Телото било најдено следното утро од локален жител што поминувал со автомобил.

Полицијата попусто го пребарувала морското дно во близина во потрага по оружјето, но на вистинската трага ја одвело делче од пушката најдено на местото на злосторството. Убиството е расчистено за пет дена. Убиецот го признал делото и е приведен.

Според порталот Македонски весник Илинден-Албанија, како и дел од албанските медиуми, убиениот Петрит Зифле бил етнички Македонец.

- Реклама -