Столтенберг: НАТО е подготвен да го потпише пристапниот протокол, се чека на Македонија

Пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО членките, на кој ќе се дискутира за големите безбедносните предизвици, но и за Западен Балкан, генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг потсети дека Алијансата е подготвена да го потпише пристапниот протокол со Македонија штом ќе биде имплементиран Преспанскиот договор и дека топката е кај македонските власти.

Столтенберг не сакаше да шпекулира дали ќе има двотретинско мнозинство на последното гласање, но изрази надеж дека „Скопје и народот во земјата“ ќе ја искористат „историската прилика што се добива еднаш во животот“.

Самото потпишување на пристапниот протокол, пак, ќе значи дека Македонија ќе почне да присуствува на министерските состаноци на НАТО, порача Столтенберг.

Прочитајте и:  НАТО и Киев закажаа состанок: Руското експериментално оружје нема да има ефект во конфликтот, ниту ќе ги одврати сојузниците од поддршката за Украина

 

- Реклама -