„Македонија-Блокира“ најостро ги осудува лагите и заканите на СДСМ во нивното вчерашно соопштение во кое луѓето кои беа синоќа на Сенародниот македонски протест ги нарече маргинални групи и поединци и остатоци од режимот, се вели во соопштението на „Македонија-Блокира“.
„Што е најстрашно, од СДСМ повторно се заканија со кривични пријави против учесниците на протестот за наводен говор на омраза.
Ова само по себе е скандал од хунтата на власт бидејќи на Сенародниот протест во еден глас сите повикуваа на одбрана на светото македонско име, што значи дека од синоќа за Зоран Заев употребата на името Македонија ќе биде кривично дело говор на омраза.
Исто така, „Македонија-Блокира“ реагира на ноторната лага на СДСМ дека посетеноста била слаба иако пред Собранието имаше голем број присутни за разлика од собирите на СДСМ со т.н НАТО-журки кога СДСМ постави светски рекорд во посетеност во Охрид кога имаше само еден присутен на собирот на СДСМ. Исто така нека повелат од СДСМ да ги покажат фотографиите од нивното блокирање со шатори пред владата кога беа двајца-без тројца.
„Македонија-Блокира“ го повикува СДСМ да престане со нервозните реакции на сеење страв оти процесот е тргнат храбро, решително и во интерес на народот и за околу месец дена ќе го видиме резултатот: или СДСМ ќе избрише се што е македонско или Македонија ќе победи“, стои во соопштението.
Повеќе за атмосферата на протестот, ТУКА.