Холандската железница сака да исплаќа отштета за депортацијата на Евреите во Втора светска војна

Холандската државна железничка компанија NS соопшти дека ќе формира комисија со цел да ги проучи можностите за исплаќање поединечни отштети за својата улога во масовната депортација на холандски Евреи за време на германската окупација на Холандија во Втората светска војна.

Како што наведува компанијата, нејзината вмешаност во депортацијата е „црна страница во историјата“ не само за компанијата, туку и за Холандија. Отштетата би претставувала еден вид извинување и поправање на грешката, колку што е тоа можно.

Депортацијата

Во втората светска војна, животите ги изгубија околу 70%, т.е. околу 100.000 Евреи од Холандија. Најголемиот дел биле депортирани од Холандија и ликвидирани во концентрационите логори. Најголемиот дел од нив, пред да бидат пратени во логорите на смртта, биле префрлени во транзитни центри, токму со возовите на холандската железница.

- Реклама -