Комисијата изгласа одземање на пратеничкиот имунитет на Груевски

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања – на чие чело е Павле Богоевски, со едногласна одлука (5 гласа „за“, ниту еден против и воздржан) препорача да му биде одземен пратеничкиот имунитет на експремиерот во бегство – Никола Груевски.

На потег е Собранието, кое на наредната седница, која се очекува да се одржи денеска попладне, одлуката ќе треба да ја изгласа со просто мнозинство од 61 пратенички глас.

Пратеничкиот имунитет на Груевски се најде на разгледување откако судот поднесе шест барања за притвор по однос на шесте предмети на СЈО во кои Груевски е обвинет, од кои четири се во судска постапка, а два се во фаза на обвинение.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата на Комисијата.

 

- Реклама -