Едноставен трик за повкусно и совршено печено пиле (ФОТО)

На четвртиот четврток во ноември САД го слават големиот празник „Ден на благодарноста“, кој типично се прославува со вечера со семејството и печена мисирка. За таа цел, верувале или не, во САД се организираат и обуки за печење мисирка. Е таму, на тие обуки, едно од нештата што можете да ги научите е и следново едноставно, а супер трикче.

Бидејќи немаат сите рерна со ражен, пилиња (или ете во САД – мисирки) обично печат во тепсија. Но, за да биде пилето што порамномерно печено, а и побрзо, потребно е топлиот воздух што е можно повеќе да циркулира околу пилето. Тоа нема да го постигнете ако едноставно го поставите во тепсијата – за таа цел треба да биде малку подигнато од дното. А трикот е – фолија.

Земете парче дебела алуминиумска фолија и згмечете ја во вид на ролна. Потоа направете кружна форма, како крофна, или уште подобро – спирала (како на сликите). Ставете ја фолијата во тепсијата. Попрскајте ја или премачкајте ја со масло за готвење заедно со тепсијата, и потоа поставете го пилето (или мисирката) на „крофната“. Ви останува само да уживате во перфектно испеченото месо.

Сличен трик можете да примените и за печење на разно друго месо:

 

- Реклама -