Еврекомесарот за проширување – Јоханес Хан, даде краток коментар за информацијата дека му е одобрен азил на Никола Груевски во Унгарија, прозивајќи го унгарскиот премиер Виктор Орбан да објасни врз каква основа е донесена таквата одлука. Притоа, Хан очекува објаснувањето на Орбан да биде поткрепено со издржани аргументи.
„Владеењето на правото останува основен принцип како за земјите членки, така и за земјите кандидати за пристапување. Тоа (владеењето на правото) е од клучно значење за кредибилитетот на Европа. Изненадувачки е што Унгарија го поддржува членството на Македонија во НАТО, а не ја смета за безбедна земја“, напиша Хан.
I take note of reports about #Hungary’s decision to grant political asylum to @GruevskiNikola. If confirmed, I expect a sound explanation of its grounds by @Viktor_Orban. 1/2
— Johannes Hahn (@JHahnEU) November 21, 2018
The #RuleofLaw remains a fundamental principle for Member States and accession candidates alike. It is crucial for #Europe’s credibility. Surprising that #Hungary supports 🇲🇰 #EU membership but does not consider it safe. 2/2
— Johannes Hahn (@JHahnEU) November 21, 2018