Уште не ги заборавивме сцените од разочарани новинари и останати ентузијасти кои стоејќи на благиот студ пред капиите на затворот Шутка го чекаа Груевски да дојде и да ја искористи „резервацијата“ за престој, а колегите од Алсат-М веќе ни приредуваат мало дежа-ву. Заминаа да ја снимат празната ќелија во која Груевски можеби ќе лежеше затвор. Ако баба ми беше машко, би рекол народов…
Во меѓувреме одговорност бараат сите и од сите, а дали некој ќе ја понесе, ќе видиме.
ВИДЕОТО И ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЌЕ НАЈДЕТЕ НА АЛСАТ-М.