Пронајден златен ланец вреден 250.000 долари

златоЕден нуркач открил богатство нуркајќи во близината на брод потонат во седумнаесетиот век. Тој Пронашол златен ланец чија вредност е проценета на околу 250.000 долари. Бил Бурт, нуркач кој работи за Mel Fisher’s Treasures, компанија која трага по потонати богатства, го забележал ланецот во близина на остатоците од Nuestra Senora de Atocha, брод кој потонал во 1622 година.

Ланецот е долг 1 метар и е составн од 55 алки, златен крст и двостран гравиран религиозен медалјон на кој е претставена Богородица и пехар. На рабовит на крстот има гравиран текст за кој се мисли дека е на латински. Енди Мтроци, капетан на бродот кој трага по богатства, рекол дека екипажот нуркал северно од локацијата на потонатиот брод. На нивната последна експедиција кај овој брод тие откриле 22 сребрени монети и топовско ѓуле источно од бродот.

Тие се надевале дека ќе најдат уште монети но го нашле овој ланец. „Во деветте години откако станав капетан на овој брод ова е најуникатниот артефакт кој го имаме најдено“ изјавил господин Матроци. Експертите претпоставуваат дека овој ланец е дел од огромното богатство на потонатиот брод. Бродот бил изграден во 1620 година во Хавана, и негова примарна намена била заштита на конвоите кои оделе кон Шпанија.

На судниот ден во 1622 година, кога бродот бил погоден од ураган, бил натоварен со 24 тони сребрo во 1038 прачки, 180.000 сребрени пезоси, 582 бакарни прачки, 125 златни прачки и дискови, 350 сандаци со индиго, 525 бали тутун, 20 бронзени топови и 544 килограми сребрен прибор за јадење. Од откривањето на местото на кое потонал во 1969 година до денес од бродот се извадени историски артефакти, злато, сребро и смарагди вредни над половина милијарда долари.
златоВо 1985 година, компаниајта го открила главниот товар на бродот кој вредел над 450 милиони долари. Тие откриле илјадници артефакти, сребрени и златни монети – голем дел речиси совршено сочувани – накит со скапоцени камења, златни ланци, дискови, разни типови на оружје, па дури и семиња кои подоцна биле засадени и израснале.

Но бродот сè уште крие големо богатство. Задниот дел од бродот, во кој биле сместени богати патници, како благородници и претставници на црквата, сè уште не е најден. Компанијата проценува дека богатството во овој дел од бродот би вредело уште околу половина милијарда долари. Овој ланец најверојатно му припаѓал на претставник на црквата што би можело да значи дека и тоа богатство наскоро ќе биде пронајдено. [Deep sea treasure: 17th century gold chain worth $250,000 plucked from ocean bed near Atocha wreck]

- Реклама -