Разврската за причините за смртта на Тамара Димовска деновиве почна во Кривичниот суд во Скопје. Три години по смртта на Тамара на обвинителна клупа се девет лекари, членови на првостепената и второстепената лекарска комисија. По целиот тој притисок од јавноста и по политичката инструментализација на случајот, денес малкумина знаат, на пример, дека имало решение за упатување на лекување во странство, дека родителите повеќе од два месеци не ја носеле Тамара на веќе платеното лекување во болницата во Истанбул и дека наодот од обдукцијата покажал дека Тамара не умрела поради деформитетот на ‘рбетот, пишува порталот МКД.мк.
Од оваа временска дистанца, се вели во текстот, без притисокот на политичките игри во случајот со Тамара, се гледа дека всушност станувало збор за сериозни пропусти во пропишаната процедура за упатување на лекување во странство, за немање прецизни правилници и рокови, а тука, за жал, треба да се додаде и родителската негрижа…
Прочитајте на МКД.мк.