Само неколку часа пред отварањето на избирачките места за „Изборите на половина мандат“ (midterm election) во САД, компанијата Facebook изгасила 30 Фејсбук и 85 Инстаграм профили поради руско мешање и влијаење врз гласачите.
„Американската полиција нé извести за онлајн активности за кои веруваат дека се поврзани со странски ентитетите. Речиси сите Фејсбук страници кои ги отстранивме беа на руски или француски јазик, додека Инстаграм профилите беа на англиски. Некои профили беа фокусирани на познати лица, а други на политички расправи“, соопшти Натаниел Глејчер од Facebook, пренесува CNN.
Секретарката на Министерството за внатрешна безбедност – Кирстјен Нилсен, државниот обвинител и министер за правда – Џеф Сешнс, директорот на американските разузнавачки служби – Ден Коутс, и директорот на FBI – Кристофер Вреј, објавија заедничко соопштение во кое предупредија дека странски оператори се обиделе да влијаат на американските гласачи.
„Американците треба да се свесни дека странски актери, посебно Русија, и понатаму се обидува да влијае на перцепцијата на јавното мислење и гласачите. Тоа го прават со ширење на лажни информации за политичките процеси и кандидатите, ширење пропаганда на друштвените медиуми, и слични тактики“, се наведува во соопштението.