Студентот што дизајнира кујнски алатки за слепите (ВИДЕО)

Лесно е да заборавиме колку и едноставните нешта во животот знаат да бидат комплицирани кога на располагање ги немаме сите сетила. До видеово, на пример, не бевме помислиле на тоа колку е лесно да се изгориш кога би се обидел да готвиш со затворени очи.

Кевин од Сингапур, тазе дипломиран дизајнер, не само што мисли на проблемите на слепите лица, туку и веќе некое време работи на тоа да им го олесни животот и одредени аспекти во кујната да ги направи побезбедни за нив, овозможувајќи им посамоуверено да ракуваат со кујнските елементи кои знаат да бидат опасни.

Нож со штитник за да не си ги исечете прстите, даска за сецкање со која можете безбедно да ја пренесете исецканата содржина без да ја истурите… се само дел од алатките што Кевин ги дизајнира ставајќи се во чевлите на слепите лица, особено кога лично ги тестира своите изуми со заврзани очи.

Погледнете го прилогов и што сé му текнало. Кевин е уште еден доказ дека се може, кога се сака.

- Реклама -