Во својот извештај, European Environment Agency со право загадувањето на воздухот го нарекува „тивок убиец“. Во извештајот се порачува дека е крајно време да се прогласи „црвена тревога“ (читај: да се преземат сите можни мерки), а по некоја логика тоа посебно би требало да важи за Македонија, затоа што сега и официјално сме прогласени за земја со најзагаден воздух на европското тло.