Обвинителството го „чешла“ Иванов, отворена предистражна постапка

Постапувајќи по две анонимни кривични пријави во врска со непотпишувањето на Законот за јазиците и Договорот од Преспа, скопското јавно обвинителство покрена предистражна постапка против претседателот Ѓорге Иванов.

Со таа цел веќе се побарани податоци и информации од Собранието на Република Македонија и од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија. Ќе се истражува кога се донесени одлуките во законодавниот дом, односно дали и од кои причини не се потпишани од страна на Претседателот, соопштуваат од Основното јавно обвинителство Скопје.

Токму поради немањето потпис од Иванов, Законот за ратификација на договорот од Преспа и Законот за употреба на јазиците сé уште не се објавени во „Службен весник“ и не можат да стапат во сила.

- Реклама -