Одвреме навреме зоолошките (барем тие во нормалниот свет) им прават редовни прегледи на своите животни и навидум нема ништо интересно во тоа. Меѓутоа, зоолошката во Орегон строго нé демантира кога ги објави овие фантастични рентген снимки, делумно од причина што и самите мислеле дека се кул, делумно затоа што сметале дека ќе бидат таманка за Ноќ на вештерките (дека скелети…).
Како и да е, ова е сјајна и ретка прилика да се ѕирне под крзното на животните, како и да пробате да го погодите животното според скелетот. Ќе видите дека не е баш така лесно.
Ок, ова првово сепак е лесно – камелеон, се разбирa. ^
Кралски питон ^
Шепа на тигар ^
Веројатно помисливте не нешто друго, но ова е еж. ^ (темната дамка кај стомакот е гас)
Опашка на дабар ^
Птицата тукан ^ (Toco Toucan, види фотос доле)
Летечка лисица, т.е. овошен лилјак ^ (Rodrigues Flying Fox, види фотос доле)
Дебелоопашест гуштер геко ^
Mожеби помисливте на друго, но ова е обичен був (Screech Owl) ^
Ова е очигледно… Желка ^
Волчја јагула (wolf eel) ^
Личи на бубачка, ама всушност е армадило ^
Нозе на фламинго ^
Џуџест мунгос ^