Државниот завод за статистика ги пресмета и објави таканаречените Лаекен индикатори базирани на податоците од Анкетата за приходи и услови за живеење која се спроведува во согласност со препораките на Европската унија. Основа на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштија е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход.
Според податоците, во 2017 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесувала 22.2%, односно 460.300 илјади лица.
Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2017 година е 20.0%.
Според економската активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 9.0%, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.7%.
Gini коефициентот (мерка за нееднаквост во распределбата на приходите) изнесува 32.5 %.
Податоците покажуваат дека стапката на сиромаштија во последните три години има тенденција на пораст. Во 2015-та сиромашни биле 21.5%, а во 2016-та 21.9% од населението во Македонија живеело во сиромаштија.