Германец слупал McLaren од милион евра само неколку часа откако го купил (фото)

Минатиот викенд во Минхен е документирана првата сообраќајна незгода во која е инволвиран моделот McLaren Senna.

Само неколку часа откако минхенското претставништво на McLaren објави фотографија и се пофали на Instagram дека автомобилот му е испорачан на купувачот, на истата социјална мрежа осамна и фотографија од истиот тој автомобил во страстен „бакнеж“ со бетонски ѕид.

Не се знае колкава е штетата, но од фотографијата се гледа дека при ударот се активирале воздушните перничиња на возилото.

Деталите не се познати, но се верува дека возачот, веројатно ненавикнат на така моќен автомобил, изгубил контрола и излетал од патот, преку тревникот, па во ѕидот.

Хиперспортскиот модел McLaren Senna беше претставен кон крајот на 2017 година, а е наречен по легендарниот трагично загинат бразилски возач Аиртон Сена. Овој модел на McLaren располага со 800 коњски сили. Од 0 до 100 км/ч развива за 2.8 секунди, а максималната брзина му е 340 км/ч. Се работи за ограничена серија од 500 примероци, со почетна цена од милион евра.

- Реклама -